(ВИДЕО) Психијатар Хаџи-Ангелковски: Тие што повикуваат на омраза и војна се нацистички психопати

Од:

Навредливи зборови, теории на заговор, политички ставови, па дури и хипноза за оние кои се „против државата“ деновиве може да се слушнат од македонските актери.

Психијатарот Ѓорѓи Хаџи-Ангелковски смета дека овие луѓе не се опасни и дека дијагнозата е психопатија односно растројство на личноста. Тој вели дека е поопасно кога таквите идеи доаѓаа од центрите на моќ кои имаат вистинско влијание врз народот.

– Меѓу политичарите има таканаречени нацистички психопати, голем дел од нив се такви кои сметаат дека нивното право е единствено право, дека имаат право да одлучуваат за нас и тоа е најопасно, вели за А1он Хаџи-Ангелковски.

Според него, луѓето кои се влијателни треба да внимаваат што зборуваат и како се однесуваат, исто како што и луѓето треба да внимаваат кого го бираат за лидер.

По Фејсбук статусот на Владо Јовановски, актерите беа гости на речиси сите дебатни емисии во телевизиите. Освен што меѓусебно си ширеа говор на омраза, тие ги напаѓаа сите кои гласале против ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека сакаат да ја уништат Македонија.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

„Да ви се мочам во северната, пи*да ви материна“ – поради навреди на „Фејсбук“, Државниот архив пријави лице до МВР за говор на омраза

Ана Ололовска

Радовишанец и прилепчанец на Фејсбук ширеле говор на омраза

ВИДЕО: Османи и МНР се уште молчат за коментарите дека Гоце Делчев и Ѓорче Петров се бугарски херои

Орце Костов

Османи: Не се бира кој колку ќе го навреди другиот, влеговме во токсичен круг со Бугарија

Орце Костов