ВИДЕО: Протест на ВМРО-ДПМНЕ против незаконско трошење на европските пари за образование

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест против, како што истакнаа членовите на партијата, незаконското трошење на европските пари наменети за образование и образовни проекти.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, според пратеникот Антонио Милошоски потрошила на тренинзи на магариња, испробување на сирење и за проекти на нејзин пријател и неговото фризерско студио.

-Мислиме дека е многу неморално во вакво време на пандемија овие 500.000 евра да бидат вака потрошени. Тие пари требало да бидат потрошени за болниците во Струмица, во Битола и во Тетово за обука за персонал и за поддршка или во најмала рака овие пари да биле потрошени за компјутери за одеца кои не можат да ја следат наставата онлајн, изјави Милошоски.

Одговорноста, како што кажа, не е само кај Димова туку и кај тие што ја поставиле на таа функција Зоран Заев, како и кај, како што рече, нејзината пријателка Радмила Шекеринска.

Милошоски рече дека по однос на изјавата дека членови на Владата ќе ја повикаат да даде оставка или ќе ја разрешат се стари трикови на Владата на СДСМ која кога сака да прикрие корупција и незаконско трошење на средства го прави овој повик за оставки.

-Најдобар пример за тоа е еден поранешен пратеник за кого сите слушнавме како нарачува дрога, се направи притисок во јавноста да даде оставка. СДСМ тврдеше дека тој ќе одговара пред обвинителството никогаш никој не поведе постапка. Вториот случај е поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за кого што видовме дека има и видео снимки како зема кеш пари и какви односи имал со фирмата Диамед, даде оставка и никогаш повеќе не видовме било каков случај од обвинителството во Република Македонија, рече Милошоски.

Доколку би била искрена намерата, според него, СДСМ ќе треба да ги повика да дадат оставки и директорот на училиштето во Кавадарци кој што земал големи суми на средства околу 200.000 евра и неговиот брат-пратеник кој што е актуелен пратеник и висок функционер во СДСМ заради конфликт на интереси.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?