(ВИДЕО) Протест на пожарникарите: Ако Шилегов не може да го реши проблемот со нашите плати, ќе се обратиме до Владата

Од:

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот Шилегов порачаа дека не се откажуваат од своето барање да им се исплати надоместокот на плата за опасност при работа. Велат дека сè уште немаат одговор на писменото барање што го упатиле до првиот човек на Градот. Најавија дека ќе преземат посериозни чекори, односно дека за остварување на своите права ќе се обратат до Владата.

„Чекаме од градоначалникот да одговори написмено дека не е во состојба да ни го реши прашањето за нивелирање на платата. Со оглед на фактот што нема слух за нас, одлучивме дека нема ефект од чекање овде. Затоа, ќе преземеме други мерки, а тоа би било да се обратиме до Владата. Како што ни соопшти градоначалникот, спорно било да се промени одреден член од Законот за пожарникарството за да си ги добиеме нашите 20 %. Ако е тоа проблемот, нека ни даде писмен одговор и тогаш ќе одиме до повисоките институции и ќе бараме да се смени тој член за нè исплатат како што одлучи судот. Да бидеме јасни, не бараме покачување, како што некои медиуми објавија, ние сакаме пресметката на платата да биде по судските пресуди, а тоа значи – ако сега земаме 80 % од платата, би требало да ни ги вратат тие 20 % што ни следуваат“, изјави Дејан Исаевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.

Денешните протести продолжија по вчерашната тензична средба меѓу градоначалникот Шилегов и пожарникарите, на која не постигнаа заеднички договор.

Шилегов им рече дека проблемот со начинот на исплата на платата на пожарникарите е стар повеќе од 15 години и не станува збор за недостиг на волја, туку дека нема законски основ да може да се исплаќа платата како што ја бараат тие.

Најави дека се вршат измени во Законот за пожарникарството, кои треба да стапат во сила во јуни 2021 година, а со кои барањата на пожарникарите ќе добијат законски основ за нивно реализирање.

Би можело да ве интересира

Стефковски: Потврдувам дека моето име е дел од имињата за градоначалник на Скопје

Арсовска: Ќе сум ја дестабилизирала државата – не се глупирајте, ви ги знаеме лагите

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници во 25 општини, за Град Скопје се бара најдобриот кандидат

Горан Наумовски

Хаварија со хемикалии во Пинтија – парична казна за компанијата од 45.000 евра

А1он

Град Скопје: Одржување на каналите и коритото на реката Маркова Река е во надлежност на општина Студеничани и МЖСП

Перински: Идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО ДПМНЕ