(ВИДЕО) Протест на музичарите и угостителите: Доведени сме до финансиски колапс, и ние имаме деца за хранење

Од:

Со импровизиран ноќен клуб пред Владата, а под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите, угостителите, диџеите и останати засегнати од оваа индустрија излегоа на протест и побараа средба со претставници од извршната власт за да им ги презентираат нивните барања.

Од овој музички хепенинг, тие порачаа дека се револтирани од новите протоколи со кои се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект при што можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува гласноста на музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

Претставникот на сопствениците на ноќните клубови, Горан Арсовски, рече дека треба да се изработат нови протоколи за нивниот сектор, кој е сериозно погоден поради корона-кризата и му се заканува финансиски колапс.

„Бараме состанок со надлежните за да предложиме мерки со кои нема да има опасност од ширење на коронавирусот, а со што ние ќе можеме да работиме и опстојуваме. Во првиот сет мерки бевме опфатени, но тоа беше само за платите на вработените. Но, бизнис што не работи, не може да има вработени. Како ќе ги задржиме на работа, кога немаме приходи, дојдени сме до финансиски колапс. Затоа ние имаме предлог со протоколи кои можат да ги спроведат клубовите, а тоа се мерење на температура на влез, електронско продавање на карти, поставување на сигурни вентилации, дистанца на маси и задолжителна дезинфекција“ рече Арсовски.

Музичарите и угостителите најавија дека ќе има нов помасовен протест доколку нивните барања не бидат прифатени.

„Бараме специјални протоколи за одржување на свадби и музички настани. Ако не не прими премиерот Заев во рок од два дена на 11 октомври ќе имаме уште еден протест. Тогаш ќе има и од сите градови од Македонија. Ќе излеземе со сите наши музички инструменти и ќе кренеме врева и глас. Мора да се избориме за ова, и ние имаме деца за хранење – изјави Даниел Сидовски, претставник на музичарите и свадбените работници.

Соодветни протоколи од денешниот протест побараа и рестораните што организираат свадбени веселби. Тие порачаа дека не бараат печалба среде кризата, туку основна егизистенција. Како што истакнаа организаторите на протестот, од пандемијата со коронавирусот, загрозени се над 20.000 работници.

Би можело да ве интересира

Протест во Подгорица против владината најава да ја поддржи Резолуцијата за Сребреница во ОН

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа