ВИДЕО: Промоција на кандидати за пратеници во ИЕ 2 од коалицијата предводена од СДСМ во Куманово

Од:

Кандидатите за пратеници од изборната единица 2, од СДСМ и Коалицијата „Можеме“ вечерва се промовираа пред пошироката јавност во Куманово на онлјан настан. Тие ја побараа поддршка од граѓаните, ветувајќи реализација на економски проекти, зголемени плати, поддршка за млади, жени, за ранливи категории, прочистување на правосудството.

Промоција на кандидати за пратеници за ИЕ2 #Можеме #СДСМ

[?Во живо] Промоција на кандидати за пратеници за ИЕ2

Posted by Oliver Spasovski on Сабота, 27 јуни 2020

Носителот на листата од ИЕ 2 од СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека со право порачуваат дека ќе победат, нудејќи мултиетнички концепт кој ќе продолжи да се развива. Тој ја побара поддршката од граѓаните, бидејќи патот што веќе е поставен значи сигурност, обезбедена преку работа, постигнати добри односи со соседите, зацврстени пријателствата во регионот, поставена е земјата на евроатлантскиот пат.

– Денес, по 30-децениски надежи и очекувања, членството во НАТО е реалност. Република Северна Македонија е рамноправна членка во НАТО. Денес, по 15 години од добиениот кандидатски статус за ЕУ, Република Северна Македонија има одлука од Европската унија за почеток на преговорите. Во услови кога решававме стратешки прашања за да го осигураме членството на нашата држава во НАТО и ЕУ, ја покренавме економијата, рече Спасовски.

За младите обезбеден е младински додаток, Младинска гаранција, иако државата не е членка на ЕУ, преку мерки, обуки, грантови опфатени се над 14.000 млади лица. На пензионери, рече Спасовски, зголемена им е пензијата за 722 денари, највисоко во последниве 12 години, реформиран е пензискиот фонд.

Тој најави дека во корона криза минималната плата ќе остане на сегашно ниво, потоа ќе расте за 40 проценти, а просечната за 30. Минималната пензија ќе расте, ќе се обезбеди поврат на персонален данок за млади. На промоцијата, носителот на листата, најави и 600 милиони евра за домашни и странски инвестиции. Осврнувајќи се на последниве три години, Спасовски истакна дека е осигуран македонскиот јазик и идентитет. Другата страна, рече Спасовски се закануваше, уценуваше, бараат обнова на режим. И во опозиција додаде, блокираат проекти битни за јавното здравје.

– Ќе биде здраво за државата да добие обновена, разумна, одговорна опозиција. Сега, ме прашуваат да го коментирам мојот против кандидат во втората изборна единица. Па тоа е истото, Груевски ли, Мицкоски ли, Мисајловски ли, рече Спасовски.

Осврнувајќи се на коронакризата рече дека е вложено во 30 здравствени установи, вработени се лекари и сестри и ќе се продолжи во тој правец. Во вонредната состојба, потенцираше дека се одвоени 28 милиони евра за засегнати граѓани, платежни картички за млади, за оние со ниски приходи, за социјално ранливи семејства, поддржан е домашниот туризам, финансиска поддршка за невработените, бескаматни кредити за фирмите. Тој се осврна и на правосудството и најави, како што кажа расчистување на остатоци од груевизмот, проверка на имотна состојба на судии и обвинители, ревизија на работа на пет проценти од пресуди, истакнувајќи дека треба ред, дисциплина во сите институции. Укажувајќи дека национализмот никогаш не носи добро, без разлика дали доаѓа од ВМРО ДПМНЕ или ДУИ, Спасовски побара поддршка за продолжување на правиот пат.

Носителката на ИЕ 2 од СДСМ, Сања Лукаревска рече дека за 15 дена ќе победи сигурната, безбедна држава, вредностите. Осврнувајќи се за зголемените плати, за останувањето на младите во државата, истакнувајќи дека ВМРО ДПМНЕ избркало стотици млади од државата.

Невевработеноста на годишно ниво ќе ја намалуваме за три проценти, а по коронакризата невработеноста ќе биде едноцифрена-рече Лукаревска. Таа рече дека ќе се продолжи со намалување на казните и казнената политика и нема да има „пиштење и вриштење“. Казните рече, ќе бидат согласно примањата на граѓаните. Во говорот се осврна и на зголемените плати на здравствени работници, реконструирани центри.

Оваа Коалиција, додаде суштински е родовосензитивна со 50 проценти жени. Лукаревска најави дека ќе се следи примерот и на советнички листи, ќе се овозможи жените да бидат на раководни функции и во спортски клубови, федерации. Лукаревска најави поддршка за компании основани од жени и млади од 5 до 15.000 евра, даночни олеснувања и ослободувања, закон за поддршка на социјално претпримеништво. Ја обвини опозицијата дека се занимава со политиканство, лажни вести во услови на коронакриза.

Шефот на регионалниот штаб на ИЕ 2 Александар Арсиќ рече дека време е да се одберат чесни и вредни пратеници кои ќе работат за потребите на граѓаните. Драгана Коцевска, кандидат за пратеник, претставник на младите ги спомна проектите за младите, студентски оброк, младинска картичка, градењето спортски објекти. На промоцијата се обратија и кандидатот за пратеник Мирослав Јовановиќ од Српска Странка зборуваше за зголемени плати, пензиите, намалената невработеност, социјални трансфери и најави дека ќе се учи на српски јазик во некои училишта во Куманово и ќе се реализираат проекти за српската заедница во државата. Басри Бајрами од движење Беса, рече дека ова е Коалиција која го отсликува мултиетничкиот и мултирелигиозниот карактер на државата и се залага за стабилност економски развој, европска перспектива и безбедна држава. Љатифе Шиковска кандидат за пратеник од ИЕ 2 од СДСМ, рече дека можат да се направат системски промени за ранливите категории, особено за ромската заедница, потсетувајќи на проекти наменети за ова заедница, стипендии за ученици, студенти, бесплатни градинки, инфраструктурни проекти, реформи во социјалната заштита.

Говорниците ги повикаа граѓаните да излезат да гласаат, да ги почитуваат мерките и да им дадат поддршка.

Настанот беше достапен онлајн според утврдените протоколи од Министерството за здравство и поради ограничувањата на бројот на лица во затворен простор

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он