ВИДЕО: Пролжи судењето за „Тенк“

Од:

Во Кривичниот суд денеска продлжи судењето за предметот „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. На рочиштето присуствуваат обвинетите – поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник минитер во МВР Ѓоко Поповски.

Денешното рочиште почна со сослушување на Силвана Трповска, вработена во одделение за менаџмент и набавки во МВР, која одговора на прашања на СЈО.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Би можело да ве интересира

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов