По четири часа и Ахмети пристигна во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Лидерот на ДУИ, придружуван од пратеникот Артан Груби и министерот за образование Абдулаќим Адеми се приклучи на разговорите кои повеќе од 4 часа се одвиваат меѓу еврокомесарот Јоханес Хан и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Груевски и Заев.
Се очекува да пристигне и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Во придружба на Груевски се министрите за здравство и надворешни работи, Тодорoв и Попоски, и Мартин Протуѓер, а Заев на средбата дојде со Шекеринска и Шилегов.