(ВИДЕО) Природата е во наши раце – порака од ЕУ и децата од општина Центар

Од:

Општина Центар годинава се вклучи во одбележувањето на зелената недела на ЕУ, организирана од Делегацијата на ЕУ и ЕУ Инфо Центарот.

На Еко-Хепенингот, кој што се одржа во новоизградената градинка “Кочо Рацин“, повеќе од 100 деца од градинките во Центар пееја, играа и испратија еко пораки на тема “Природата е во наши раце“.
На манифестацијата присуствуваше претставник на Делегацијата на ЕУ, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, надлежните од општината, како и родителите на децата.

Едукацијата на децата за значењето за зачувување на животната средина почнува од најмала возраст. За ова тие учеа и читаа на двете работилници. Децата одушевија со инвентивноста во изработката на украси од хартија, пластичен отпад и дрво и учеа како се садат и негуваат цвеќиња.

Во рамките на зелената недела на ЕУ, во изминатите денови во три градинки во општина Центар беше промовирана специјалната еко-публикација “Синиот остров“, отпечатена од ЕУ Инфо Центарот.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел