ВИДЕО: Претставникот на ОН одбиен да се види со Кежаровски

Од:

Специјалниот известувач на ОН за унапредување и заштита на правото на слобода на изразување, Франк Ла Ру, по присуството во основниот суд Скопје 2 на процесот за клевета – Мијалков против Фокус, изрази загриженост за состојбата со новинарите.

По одложувањето на подготвителнто рочиште на кое се бара извинување од Фокус, уредникот Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов, рече дека не би требало новинарите да страдаат за изјави на трети страни, односно во случајов тужителот ги тужи медиумот и новинарите поради пренесена изјава на екс-амбасадор.

-Многу сум заинтересиран за судењето на Фокус бидејќи е врзано со слободата на изразувањето за што треба да се заинтересирани сите. Медиумите не треба да бидат одговорни за пренесување на информации од трети страни, а третата страна може да биде самата одговорна за изјавите, истакна Ла Ру.

Специјалниот претставник кажа дека иако побарал да разговара со притворениот новинар Томислав Кежаровски во затворот во Шутка, тоа не му било дозволено од судската власт.

-Вистина е дека јас дадов барање за да го посетам новинарот Кежаровски, но бев одбиен, рече Ла Ру.

Тој по пристигнување во земјава, се интересирал и за смртта на Никола Младенов, а својот став состојбите со медиумите ќе го презентира на прес конференција во петок.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска