ВИДЕО: Претреси низ цела држава, запленети дрога и муниција, приведени над 20 улични дилери

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претреси низ целата држава се запленети дрога и муниција, а приведени се над 20 улични дилери.

„Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи денеска (25.03.2022) во соработка со единиците за недозволена трговија со дрога и оружје на подрачјата на сите сектори и одделенија за внатрешни работи во државата презеде координирани активности за сузбивање на продажба на наркотична дрога, улично дилерство на наркотични и синтетички дроги и недозволена трговија со огнено оружје.

Од 05.00 часот на територија на Република Северна Македонија беа извршени претреси во домови и други простории на над 20 локации (пет во СВР Тетово, по две на подрачјата на ОВР Гевгелија и ОВР Кичево, по една во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Струмица, СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Пробиштип, ОВР Берово, ОВР Свети Николе, СВР Битола, ОВР Гостивар, ОВР Неготино и ОВР Кавадарци), при што беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста материја, грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, парични средства, две дробилки, три ваги, 29 куршуми од кои 25 со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми со калибар 38 специјал, а како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на подрачјето на ОВР Гевгелија беше пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на канабис.

Во текот на акцијата се приведени над 20 лица, против кои по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски