Кривична за четири лица за десет кражби

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43) од с. Никуштак, Општина Липково, Х.А.(53) од Косово, А.А.(34) од с. Отља, Општина Липково и Е.А.(34) од с. Никуштак, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени десет кривични дела, од кои четири „тешка кражба“ и шест „тешка кражба во обид“.

На 19.09.2026 во с. Долно Палчиште во куќата на А.А. одзеле сеф со златен накит, оружје и муниција во вредност од околу 160.000 евра.

Во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 во с.Долно Палчиште во куќата на Б.И. одзеле златен накит и пари во вредност од околу 70.000 евра.

На 10.05.2026 во спортска обложувалница во с. Теарце со употреба на сила отвориле сеф од каде одзеле пари.

Во периодот од 23.05.2026 до 26.05.2026 од магацинскиот простор на бензинска станица во с. Пирок одзеле повеќе пакувања цигари.

Исто така, во периодот од април до септември оваа година, пријавените во шест наврати влегувале во куќи и други објекти во с. Камењане, с. Долно Палчиште, с. Нераште, с. Теарце и с. Радиовце, вршеле пребарување, но не одзеле ништо.

Би можело да ве интересира

Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари