ВИДЕО: Претрес во гевгелиско, пронајдена дрога, приведен дилер

Од:

21-годишен жител на селото Миравци е уапсен откако во неговиот дом било пронајдени 1,5 килограм марихуана информираат од Министерството за внарешни работи.

– По претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес на домот кај Б.А., при што се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 1,5 кг, дигитална вага и парични средства за кои постојат основи на сомневања дека потекнуват од продажба на марихуана. Б.А. е приведен во Полициска станица Гевгелија, а од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик стои во информацијата од МВР.

Би можело да ве интересира

Поранешен министер за култура уапсен во Приштина поради трговија со дрога

А1он

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје