(ВИДЕО) Прашање до Ставрески: Дали се уште мислите дека Груевски изгубил контакт со реалноста?

Од:

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, се плаши од граѓаните и од јавноста, затоа побара да сведочи зад затворени врати, подалеку од камерите и од новинарите, изјави претседатело на Анкетна комисија, Петре Шилегов, пред денешното сослушува на министерот.

Како и премиерот, Никола Груевски, така и Ставрески, рече Шилегов, има многу за криење. Затоа, според него, писмено побарал од Комисијата седницата на која ќе биде сослушуван да биде затворена за јавноста.

Шилегов ги соопшти прашањата што пратениците од СДСМ и коалицијата ќе му ги постават на министерот.

Дали е ваш гласот на снимките, дали се уште мислите дека Груевски изгубил контакт со реалноста и на кого мислевте кога рековте „ние сме луди“, се дел од прашањата што ќе му бидат поставени.

Ставрески ќе биде прашан за станот на улица „Димче Мирев“ кој е наводно на име на негов близок роднина, за тврдењето дека премиерот ги терал Јанакиески и Пешевски да сторат нешто незаконско и да потпишат договор со Кинезите.

Пратениците ќе го прашаа Ставрески дали барал ургирање кај јавниот обвинител Марко Зврлевски да ја отфрли кривичната пријава против него и дали во прслушуваните материјали ги препознава гласовите на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ