(ВИДЕО) Поповски: Пехчево ќе ја направиме современа општина и атрактивна туристичка дестинација

Од:

Игор Поповски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Пехчево денеска на прес-конференција рече дека тој и неговиот тим се залагаат за обезбедување подобар живот за жителите на општина Пехчево преку изградба на ифраструктура и заштита на животната средина, како и преку развој на спортскиот дух, урбанизација на општината и развој на туризмот.

– Граѓаните знаат дека тоа што го ветуваме и ќе го оствариме. Досегашната наша работа е најголемиот гарант за тоа.

Нашите проекти се директно решение за потребите на граѓаните, произлезени од барањата на граѓаните.
Во продолжение ќе спомнам само дел од проектите на мојата програма:
1. Изградба на градски базен во Пехчево, со реализацијата на овој проект ќе се овозможи граѓаните од сите категории, од најмладите до највозрасните да уживаат во благодетите на еден од најздравите спортови како и за поуспешно развивање на туризмот
2. Реконструкција на кејот на Пехчевска река во Градот Пехчево и регулација на речното корито со што ќе се спречи излевањето на водата од коритото и поплавувањето на земјиштето.
3. Целосна реконструкција на уличната мрежа во Пехчево односно асфалтирање и обновување на сообраќајната мрежа во градот.
4. Изградба на мост во Пехчево и поврзување на улица Првомајска со населбата Говедарник со што ќе се овозможи слободно, непречено и безбедно движење на граѓаните од едната на другата страна на реката Писа.
5. Реконструкција на пристапниот пат до Панчарево со што ќе се овозможи скратување на времето на патување.
6. Доуредување на селските водоводи во с. Панчарево со што целосно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето и граѓаните од селото ќе пијат чиста и здрава вода.
7. Изградба на водовод во село Црник со што ќе биде решен проблемот за добивање на чиста и здрава вода за пиење.
8. Реконструкција на локалниот пат Чифлик-Умлена-Робово за обезбедување поголема безбедност и олеснет пристап на населението.
9. Изградба на нови 4 улици во село Робово и село Умлена со што ќе се обезбеди полесен пристап и безбедни улици.
10. Реконструкција на локалниот пат кон туристичката населба Равна Река кој опфаќа реконструкција во должина од 12 километри кој е од голема важност за развој на туризмот во општината.

Програмата што ја нудиме е реална, остварлива и базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на Општина Пехчево. Затоа без сомнение нашата општина ќе ја направиме современа и ќе биде едно прекрасно место за живеење во Македонија, а секако и атрактивна туристичка дестинација. Секогаш работа, секогаш Пехчево, секогаш Македонија е нашиот слоган. Работата е на прво место, потребите на граѓаните се наш приоритет, рече Поповски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ