(ВИДЕО) Поповска: Законот за родова еднаквост посегнува по децата преку модерно сексуално образование

Од:

Лилјана Поповска, активистка за правата на жените вели дека предлог законот за родова еднаквост има седум контраверзи меѓу кои е и можноста за промена на родот или полот кај малолетни деца.

-Седум контраверзи има овој закон. Се укинува единствениот закон посветен на жените, втора контраверза е што се воведува нова примена на род и родовиот идентитет, нова статистика за род за која не знаеме колку ќе бидат нови родови, нова пропорционална застапеност при вработување по квоти, нов коректен говор и ред казни за секој кој нема да најде логика во овие писанија и дејанија. Контраверза е и родовата самоидентификација, што е проблем, како ќе им наметнете на другите да ве гледаат со вашите очи? Пример Кончита на Евровизија, беше транс жена со брада па ја нарекуваа жена, после се осозна како маж. Како луѓето ќе знаат кога како се чувствува за да се обратат коректно ? Како државата мисли да ги казнува луѓето кои нема да можат да го погодат твојот нов идентитет? Контраверза е и што се посегнува по децата, преку модерно сексуално образование. Има сериозни индиции дека од оваа масовна трансформација на половите најголема корист има порно индустријата со деца. Седматата контраверза е дека со овој закон, не велам во нашиот тоа го пишува, но е аналогија на слични закони, се создава основа за новоговор, односно коректен говор за секого каде пак исчезнуваат жените, рече Поповска минатата недела на Tрибината „Вистинското лице на родот“.

Според неа, долги децении на активизам, користела термини за кои знаела што значат.

-Зборот род го користевме за двата рода-женски и машки род, како социјална домензија на мажот и жената. Зборувавме за родова рамноправност зашто веруваме дека треба да имаат подеднаков статус и позиција. Користевме и родова еднаквост што сега со овој закон станува проблематичен. Ние не мислевме дека се работи за еднакви биолошки единки, зашто тоа не е можно, го користевме во духот на Фрнацуската револуција, „Слобода, Еднаквост, Братство“, што нзачи еднаковст на правата и можностите на жените и мажите.

Останавме збунети кога сега гледаме поинакви толкувања, кои се изменија. Зборот род, родова еднаквост добиваат поинакви призвуци. Голема грешка ќе биде ако се укине Законот за еднакви можности на мажите и жените и ако се воведе овој закон за родова еднаквост. Тоа е обид за закон зашто нема нормална структура за да се нарече законски текст. Овој закон нема ништо, измешани се поими, содржината, се направил неуспешен обид да се направи комбинација на Законот за еднакви можности на жените и мажите и Законот за недискриминација кој исто така е добар. Од спојот на тие два закони излегол обид за закон, во еден член говори за правата на жените, во друг член за правта на мажите жените и другите родови, не прецизирајќи на кои родови се мисли и колку родови постојат, рече Поповска.

Она што сега се имплицира во овој закон, тоа дека под род внесуваат многу нешта, не е само социјалниот аспект на мажите и жените туку се вметнува и самочувството и самоидентификацијата, па секој како се чувствува се нарекува посебен род што е прилично нелогичен обид. Има многу котраверзи, во овој текст се прави основа за да се овозмопжи промовирање на можноста на промена на родот или полот кај малолетни деца. Тука ќе се создаде можност за големи злоупотреби каде што гледаме во други држави и каде веќе масовно реагираат граѓаните, рече Поповска.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски