(ВИДЕО) Попова: Шилегов во 2018 година вети дека „Златно славејче“ ќе го слави 50. јубилеј во Универзална, а сега сака да ја руши

Од:

„Петре Шилегов и СДСМ ги излажаа скопјани, но и сите кои на кој било начин се поврзани со Универзална сала.

Пред изборите во 2017 година ветуваа дека ќе ја реновираат Универзална сала, во 2018 година Шилегов дури излезе со ветување до ‘златните славејчиња’ дека за 2 години истата ќе ја реновира, а тие ќе го прослават својот 50-годишен јубилеј во реновирана сала.

И излажа! Да слушнеме што ветуваше Шилегов.

Толку од ветувањето на Шилегов до ‘златните славејчиња’. Зборот на Шилегов очигледно не вреди ништо!“, рече Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов три дена молчи, дали ја руши Универзална сала и на тоа место сака да направи парк, за само да ја исполни квотата за зеленило кое треба да го има во градската четврт 3 11 за да може во кругот на поранешната фабрика „Треска“ да никнат над 50 згради.

Дали Шилегов е дел од бизнисот од кој само профитот би изнесувал до 50 милиони евра?! Дали ова е причината тој да си го погази своето предизборно ветување за Универзална сала – симбол на скопјани и споменот на многу скопјани да завршат како урнатина?!

Зошто господине Шилегов ги излажавте скопјани и зошто свесно си игравте со нивните чувства и спомени само за да дојдете на власт, а откако седнавте во градоначалничката фотелја ништо суштинско не направивте. А Универзална скапува како руина, затоа што три години ништо не направите.

Го тргнавте настрана планот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзина реконструкција, а никој не знае каде завршија 30 милиони денари кои ги добивте од владата за нејзина реконструкција минатата година.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ останеше на власт на локално ниво во град Скопје, Универзална сала до сега ќе беше реновирана.

Да го погледнеме идејното решение за Универзална сала, кое сега ќе беше реалност.

Наместо нова реновирана сала, ние сега имаме руинирана сала која не работи и која со години е оставена на забот на времето.

Господине Шилегов наместо да уништувате и рушите, соберете храброст и надминете ги политичките и бизнис-интереси и реконструирајте ја Универзална сала, не мора ни да трошите пари за идејно решение, тоа веќе го имате во фиока, само треба да го реализирате.

Покажете барем малку доблест и грижа за Скопје и скопјани“, изјави Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее