ВИДЕО: Полицијата заплени 152 килограми марихуана, приведени три лица, по едно се трага

Од:

Македонската полиција, во соработка со полициските служби на Србија, вчера пресече меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, на релација Албанија – Македонија – Србија и натамошен транспорт во земјите на западна Европа. При реализација на случајот запленети се 152 килограми високо квалитетна марихуана, на нарко-пазарот позната како „сканк“.

Како што информира денеска на прес – конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, обезбедени се докази за криминална инволвираност во овој случај, на четири лица членови на меѓународна организирана криминална група составена од двајца албански, еден македонски и еден српски државјанин.

Кривична пријава за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ ќе биде поднесена за албанските државјани Стратај Феим (34) и Ламај Алберт (31), македонскиот државјанин Рамадани Абдула (58) и српскиот државјанин Пуховац Драган (42), по кого се уште се трага. Од страна на судот, на сите, вклучувајќи го и српскиот државјанин во отсуство, им е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Јанкулоска нагласи дека истрагата ќе продолжи во  соработка со полициските служи за борба против дрога на  Србија, со цел утврдување и на други лица инволвирани во случајот.

– Само во последните 10-тина дена, МВР заплени над 660 килограми марихуана и хероин, додека вкупната количина на заплени во текот на годинава изнесува над 850 килограми различни видови наркотици, изјави Јанкулоска.

Таа појасни дека во овој случај двајцата албански државјани во текот на изминативе месеци од засега непознато лице од Албанија ја набавиле запленетата количина марихуана, а потоа ја спакувале во 47 пакувања и ја сместиле во четири големи црни платнени торби кои ги транспортирале од Албанија во Македонија. Потоа марихуаната му ја продале на пријавениот македонски државјанин кој требало да ја транспортира во Србија и по претходно остварен договор да му ја продаде на пријавениот српски државјанин, за цена од 1.000 евра за килограм.

Пријавените албански државјани, завчера со возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, оствариле влез во Македонија на граничниот премин „Ќафасан“, по што се сретнале пријавениот македонски државјанин и се договориле околу начинот и местото на купопродажба на наркотичната дрога марихуана. По ова, македонскиот државјанин, со комбе марка „мерцедес“, се упатил на магистралниот пат Струга-Ќафасан, поточно во атарот на селото Мали Влај – Струга, од каде ги земал четирите црни платнени торби во кои биле сместени 47–те пакувања со наркотична дрога марихуана и ги ставил во товарниот простор од возилото, по што се упатил во правец кон Струга, а потоа кон Скопје. За цело време од неговото движење кон Струга пријавените албански државјани со своето возило се движеле пред возилото во улога на „чистачи“.

Околу 20 часот на магистралниот пат Струга-Охрид, од страна на полициски службеници запрено е комбето „мерцедес“ и при извршен претрес во багажниот простор се пронајдени патните торби со марихуана. Предадени се на Одделот за криминалистичка техника при МВР, при што е констатирано дека се работи за вкупна бруто количина од околу 152 килограми наркотична дрога марихуана со висок квалитет.

Како што посочи Јанкулоска, околу 21.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Другово од страна на полицијата е запрено и возилото марка „мерцедес“ во кое биле пријавените  албански државјани.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ