ВИДЕО: По златото во Валандово, новинарите сами се апсеа и ги затвораа медиумите

Од:

Ако се следи логиката на претседателот Ѓорѓе Иванов кој тврди дека новинарите се виновни за лошата состојба со слободата на медиумите, тогаш треба да сфатиме дека Томислав Кежаровски сам се уапси и сам си одреди казна затвор.

По истата логика на Иванов, може да се заклучи дека новинарите сами ја затворија А1 телевизија, а потоа групно ги затворија весниците Шпиц, Време и Коха. На ист начин, ако го интерпретираме Иванов, ќе испадне дека Фокус сам си одреди казна од 9 илјади евра, а уредничката Јадранка Костова, новинарите, нејзините колеги, ја лустрираа по нејзина иницијатива.

Новинарите ќе испадне дека спречуваат опозицијата и лидерот на опозицијата да гостува на јавниот сервис, да се објавуваат снимените разговори и притискаат постојано да се врши провладина пропаганда.

Можеби, новинарите сами се саботираат кога бараат одговори и од Иванов и од премиерот и сите институции и никако не ги добиваат. Новинарите само се спружуваат на страници, сами си пишуваат тужби и си упатуваат закани, тие влегуваа во радио 103,и се напаѓаа маскирани со метални шипки.

Остана нејасно само што е разумен компромис и уште едно прашање.

Иванов каде е златото?

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on