(ВИДЕО) Пленумци: Уште се сеќаваме на сите црвени кругчиња

Од:

Студентите денеска уште еднаш потсетија дека бараат целосно нов закон за високо образование.

Пленумот бара од Владата да биде потпишана спогодба меѓу интеруниверзитетската конференција и МОН, која би ги опфатила аспектите за учество на пленумот во изработката на целосно нов закон со цел да се рефлектираат потребите на студентите.

– Интересно е како власта во последниве неколку дена магично исполнува желби. Собранието денеска ќе го гласа одложувањето на промените на законот за високо образование, само 4 дена откако премиерот тоа го вети.

Со оглед на тоа што се работи за закон против кој во последните 4 месеци се јави страшен отпор и кој беше изгласан во Собранието речеси насилнички, имаме причини да се сомневаме дека ваквото попуштање, иако не целосно, не значи дека премиерот ја увидел апсурдноста на сопствениот закон, туку дека е резултат на пошироката политичка состојба. Додека премиерот ветува, а пратениците демек гласаат, на Македонската телевизија се уште оди рекламата колку е, демек, добар државниот испит.

Изминативе четири месеци кога и да пружевме отпор – бевме игнорирани или етикетирани. Се сеќавате ли на насловите „Студентскиот пленум не постои“? Се сеќавате ли на сите црвени кругчиња? Затоа сега дозволете да бидеме скептични кон оваа попусливост. Не дозволуваме да не’ купи ова омекнување на реториката, бидејќи на крајот на краиштата, ништо не ни гарантира дека кога се’ ќе стивне нема да се заборави она што е ветено, рекоа претставниците на Студентскиот пленум

Дел од барањата на студентите е и формирање работнички групи во кои рамномерно ќе бидат застапени членови од Студентскиот и Професорскиот пленум со претставници од Министерството, временска рамка со која би се дефинирала динамиката на изработка на законот и гаранција универзитетот да биде и да остане бастион на критичката мисла која води кон напредок.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ