ВИДЕО: Плажите во Охрид преполни, дистанцата невозможна

Од:

Преполни плажи, на кои е речиси невозможно да се држи дистанца е глетката во Охрид за време на продолжениот викенд, а по повод празникот Илинден.

На видеото што се објавува на социјалните мрежи може да се види познатата плажа „Градиште“, каде што буквално нема место ни да се помине, ниту пак да се држи дистанца. Забележливо е и дека никој не носи маска.

Жестоки се и реакциите за неодржувањето хигиена на јавните простори во Охрид. Во езерото плива ѓубре што го фрлаат посетителите, а по тротоарите и улиците врие од смет, пластични шишиња, кутии од цигари и кеси преполни со ѓубре.

Денеска колони од возила се упатија кон Охрид, а на моменти сообраќајот беше комплетно закочен.

Претходно, Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид за „А1он” објасни дека доколку ваквата состојба продолжи, тогаш бројката на новозаразени ќе се зголемува не само во охридско-струшкиот регион, туку во целата држава. Според него, охриѓани седат дома и се штитат додека гостите се забавуваат без да ги почитуваат мерките.

 

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите