(ВИДЕО) Петрески: Оданочувањето на хонорарите, многу луѓе ќе ги турне во сиромаштија

Од:

Политичките одлуки се многу важни кога се работи за поттикнување или намалување на разликите меѓу богатите и сиромашните, беше кажано на денешната дебата „Кој профитира од економскиот раст во услови на економска еднаквост?“, организирана од Фондација Отворено општество – Македонија.

На прашањето кој профитира од економскиот раст, одговорот е многу едноставен – профитираат само најбогатите, беше речено на дебатата.

– Во Македонија се зголемува БДП, а не се намалува сиромаштијата. Во 2005 година во рацете на најбогатите 10 проценти од населениетово Македонија биле 22 отсто од доходот, додека денес дури 35 отсто од доходот е во рацете на најбогатите. Според тоа најсиромашните 10 отсто од граѓаните на Македонија учествуваат во само 2 % од доходот. Тоа значи дека во овој период се спроведувале политики што ја поттикнувале нееднаквоста. И оваа последна одлука за оданочувањето на хонорарите е поттикнување на економската нееднаквост и многу луѓе ќе ги втурне во сиромаштија, владата не ја носи оваа мерка за да ја намали нееднаквоста, туку за да го наполни буџетот, рече професорот Марјан Петрески.

Според него функционери во партиите на власт извршиле притисок против оваа мерка.

Петрески e за рамното оданочување во Македонија и смета дека растечката нееднаквост не треба да се лечи со прогресвно оданочување, туку со генерациска социјална мобилност, што значи ако едно дете се родило во сиромашно семејство да има шанси додека порасне да излезе од сиромашниот слој граѓани.

Професорот Бранимир Јовановиќ презентираше споредбена анализа меѓу Македонија и Словенија од која се гледа дека во Македонија од 2005 година постојано расте учеството на најбогатите 1 отсто кои имаат дури 12 отсто од доходот што е многу блиску до американскиот процент од 17 отсто кој е најголем во светот.

– Причина за ова е зграпчувањето на парите од страна на сопствениците на капиталот. Податоците покажуваат дека во 2010 година во однос на 2005 платите во трговијата и комуникациите се зголемиле за 42 проценти, но профитот се зголемил за 51 проценти. Така е и во градешништвото, растот на профитот е поголем од растот на платите. Односно, во градежништвото платите се зголемиле за 32 проценти, а профитот за 82 проценти, рече Јовановиќ.

Според универзитетската професорка Маја Геровска Митев, искуствата покажуваат дека таму каде што има поголемо оданочување на богатите во однос на сиромашните, нееднаквоста се намалува.

Би можело да ве интересира

Меџити ќе го критикува Бесими: Седум месеци договарам да се вработат сите што се на определено

A1on

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

Власта ги тргна рацете од хонорарите за да не ги изгуби гласовите на хонорарците

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска