АЈДЕ!: Над 5.500 потписи за оспорување на уставноста на законите за хонорарците

Од:

„За само десетина дена, над 5.500 граѓани ѝ се приклучија на групната иницијатива за оспорување на уставноста на законите за хонорарците.

Целта на оваа акција е иницијативата да биде достапна за секој граѓанин. Поради ова, но и поради големиот интерес на граѓаните за приклучување, АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика ја продолжува акцијата до четврток, 9 април 2015.

Во Скопје, единствен пункт за приклучување ќе биде ГЕМ клубот, во Старата скопска чаршија, а низ државата ќе продолжат да функционираат 13-те пунктови[1] во Битола, Кратово/Крива Паланка, Дебар, Тетово, Штип, Прилеп, Струга, Струмица, Делчево, Куманово, Берово и Кавадарци.

Големиот интерес на граѓаните покажа дека тие се спротивставуваат на законите со кои се прекршува уставното право на еднаквост и на работа, како и принципот на владеење на правото и забраната за повратно дејство на законите“, се вели во соопштението на АЈДЕ!.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ