Акцијата на АЈДЕ! за оспорување на законот за хонорарци поддржана од над 2.000 граѓани за 4 дена

Од:

„Иницијативата на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, за оспорување на уставноста на законите според кои хонорарците се обврзуваат да плаќаат придонеси, за само четири дена, ја поддржаа над 2000 граѓани.

Најголемиот дел од потписите – 900 е собран на пунктовите поставени низ градовите во државата, околу 700 потписи се собрани на пунктот пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а над 400 потписи се собрани преку пунктовите во различни еснафски и други организации.

Акцијата за собирање потписи од граѓаните ќе трае до 6 април 2015.  За време на викендот, од 11 до 17 часот, ќе биде поставен пункт кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје. Во случај на дожд, пунктот ќе биде повлечен.

Иницијативата е подготвена во консултативен процес со граѓанските и еснафските здруженија и со неа се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за стопирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони“, се вели во соопштението на АЈДЕ!.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ