Поради отсуство на пет од обвинетите, судот го одоложи денешното судење за случајот со смртта на малата Тамара Димовска од Велес.
На дененешното рочиште од повиканите 12 обвинети, во судот се појавија само седум. Обвинетите се товарат за несовесно работење во службата.
На почетокот на судењето, адвокатката на дел од обвинетите, Татјана Булоски Попоски, побара од судот да не бидат снимени обвинетите, но судијата, Марин Станески, одлучи дека медиумите имат уредни дозволи од Врховниот суд и и го одби барањето.
Судот ги извести обвинетиете, дека следното рочиште е закажано за 4 јули.
Васко Маглешов