(ВИДЕО) Пенков: Општина Неготино ќе биде уште подобро и подостоинствено место за живеење

Од:

Златко Пенков,кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Неготино денеска на прес-конференција изјави дека општината ги има сите предуслови за да биде уште подобро и подостоинствено место за живеење.

– Јас и мојот тим имаме јасна визија за општина Неготино: Општина Неготино – општина со сите обележја на урбана и модерна средина во која секој граѓанин има простор да твори и придонесува!
Нашата визија ќе ја реализираме преку следниве приоритетни проекти:
1. Дозавршување на проектите за комплетно решавање и подобрување на водоснабдувањето во Неготино преку реконструкција на воводоводна мрежа на 5 улици во градот, доведување на дополнителни 30 литри вода во системот и изградба на филтер станица.
2. Приоритет во општина Неготино е и асфалтирање на улици во градот Неготино и сите населени места.
3. Следен приоритет е обезбедување и регулирање на паркинг простор во центарот на Неготино со што ќе се реши сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.
4. Заради побезбедно регулирање на сообраќајот, следно е изградба на кружни текови и тоа: на влезот на Неготино кај СРЦ „Младост“, во центарот на градот и на излезот од градот кон општина Кавадарци.
5. Во село Тремник асфалтирање на главната улица, додека во село Војшанци асфалтирање на пристапна улица, како и поставување на фекална канализација за с. Црвени Брегови и с. Дуброво.
6. Приоритет ќе ни биде и уредување на централното подрачје во селата Криволак, Тремник и Курија со асфалтирање и поставување на урбана опрема и паркови.
7. За да Неготино добие модерен пазар, реконструкција на Градски пазар Неготино со обезбедување на покриена конструкција и нови тезги е повеќе од неопходна.
8. Поради зголемениот број на работни места во последниве години, благодарение на раздвижувањето на пазарот на работна сила и инвестициите во Република Македонија, повеќе од видлива е потребата за зголемување на капацитетите на детската градинка во Неготино. Затоа ќе ги зголемиме капацитетите на детската градинка и ќе создадеме услови сите дечиња да бидат згрижени и повеќе да нема листи на чекање.
9. Се со цел да се обезбеди повисоко ниво на комунална услуга спрема граѓаните, ќе направиме набавка на возила и комунална опрема за потребите на ЈП Комуналец.
10. Спортувањето и рекреацијата стануваат дел од секојдневното живеење на граѓаните на општина Неготино. Затоа ќе се реконструира Градскиот стадион Неготино и СРЦ „Младост“ Неготино се со цел понатамошен развој на спортот и други рекреативни содржини во Неготино.

Ова се само дел од проектите содржани во нашата Програма за работа. Програмата што ја нудиме е остварлива, реална, јасна и прецизна и во неа се содржани потребите и барањата на граѓаните од општина Неготино. Општина Неготино поседува соодветни човечки ресурси и добра инфраструктура. Јас и мојот тим со добра организација, добра координација и домаќинско работење максимално ќе овозможиме истата да се реализира во целост!Нудиме реална Програма, нудиме работа, нудиме резултати, како и можност заднички да ја направиме општина Неготино посакувано и најдобро место на живеење во Република Македонија, рече Пенков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание