(ВИДЕО) Пендиков доби бугарски пасош – „Пасошот ме прави Бугарин колку возачката возач“, се дел од коментарите во Бугарија

Од:

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова му ги предаде бугарските лични документи на Кристијан Пендиков на церемонија со највисоки државни почести.

На свеченоста во Гербовата сала потпретседателката Илијана Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

– Голема чест ми е што ти ги дадов бугарските документи. Од денес ти си заштитен од бугарската држава и ти ќе ги имаш правата секој Бугарин и од денес си граѓанин на ЕУ. Во основата на уставот е вербата во човечките вредности, во слободата и рамноправноста. Врховниот закон вели сите да ги почитуваме правата на индивидуата. истакна потпретседателката на Република Бугарија.

На преносот во живо на Бугарското национално радио на Фејсбук коментарите се дека Јотова си направила пи-ар со Пендиков, а еден од коментарите е дека пасошот на Бугарија е само формален документ кој ништо не значи.

„Пасошот ме прави бугарин колку возачката возач. Тоа е формално правен документ“.

Секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој е роден Охриѓанец што од неодамна има бугарска самосвест, Христијан Пендиков, беше нападнат и претепан во Охрид наводно поради тоа што се чувствувал како Бугарин.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со над 57 отсто од гласовите на претседателските избори во Бугарија

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласаa на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Горан Наумовски

Бугарија избира претседател: Јотова со предност во анкетите

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

А1он