(ВИДЕО) Пендаровски во Демир Хисар: Заедно напред за демократска, напредна и европска држава

Од:

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жители на Демир Хисар, побра на 21 април да се заокружи бројот 3 на гласачкото ливче, не само за да победи Пендаровски, за да победи опцијата која што е за напредок, иднина и економски развој.

„На гласачкото ливче има контраст од понуди како никогаш досега, како црно и бело. Опцијата на Гордана Сиљановска нуди поништување на се што е постигнато, а тоа значи блокада, изолација и враќање назад во тунелот на Груевски. Ние решивме да гледаме напред и да ги затвориме и најтешките прашања. Ако продолжиме со реформските процеси, јас ви гарантирам дека во јуни ќе добиеме датум за почеток на преговорите со Европската унија. Во 2018 година, по добивањето на покана за членство во НАТО, само за половина година, директните странски инвестиции беа 624 милиони евра, тоа е двојно повеќе од најдобрата инвестициска година. Од држава со привремено име ПЈРМ, ние сега сме држава со безбедносни гаранции и гаранции дека сме Македоци по јазик и идентитет. Очигледен е напредокот, важно е да продолжиме напред, најмногу заради младите“, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Пендаровски повика на слога и единство.

„Мојот слоган е Заедно напред. Затоа да работиме сите, бидејќи отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат само добро за државата и младите. Заедно напред за демократска, напредна и европска држава“, порача Пендаровски во Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“