(ВИДЕО) Пендаровски: Прогласувам вонредна состојба од 30 дена

Од:

Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на целата територија на државата, која ќе трае 30 дена, со можност да биде продолжена по предлог на Владата.

„Мојата одлука се базира на Уставот – ако Собранието не може да се состане, одлуката за прогласување вонредна состојба ја носи претседателот. Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Пред истекот на тие 30 дена очекувам Владата да ми поднесе детален извештај и оној момент кога Собранието ќе може да се состане, ќе му биде поднесена на разгледување. По истекот на 30 дена Владата може да предложи продолжување на вонредната состојба“, рече Пендаровски.

Тој им се обрати на сите граѓани, тврдејќи дека ситуацијата е сложена, особено и поради фактот што во историјата на независна Македонија, првпат се прогласува вонредна состојба.

„Сето ова укажува колку е сложена состојбата и колку е голем ризикот за сите нас. Од денес, извршната власт ќе има зголемени активности и ќе може да ги користи сите ресурси на државата. Буквално сите. Владата во согласност со Уставот и со закон ќе донесува уредби со законска сила. Епидемијата значително ги оптовари ресурсите на државата и во моментот штетите на фирмите кои не работат се огромни и тука очекувам дека Владата треба да помогне“, рече Пендаровски додавајќи дека „не чекаат тешки денови, но дека нема дилема во исправноста на одлуката“.

„Очекувам владата да биде на висина на задачата. Очекувам владата, министерствата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, дневно да информираат за сите активности како и за ажурираните планови во иднина. Владата ќе продолжи да функционира како техничка, што значи дека придонес ќе даваат и претставниците на опозицијата, односно партиите ќе работат заеднички за здравјето на луѓето и нема да се грижат за партискиот рејтинг“, рече тој.

Изборите, според Пендаровски, ќе се одржат кога ќе има можност за одржување фер и демократски избори. Тој упати и апел до сите државјани кои се надвор од државата.

„Најпаметно е да останете таму каде што сте, а доколку решите да се вратите дома, мора да знаете дека треба да се придржувате до сите протоколи и дека е можно да бидете сместени во карантин“, рече шефот на државата, апелирајќи до граѓаните да „бидат смирени, одговорни и солидарни еден кон друг“.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби