ВИДЕО: Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Од:

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука да прогласи нова вонредна состојба, по предлог на Владата и консултациите кои ги имаше со Советот за безбедност во текот на денот.

Вонредната состојба продолжува и во наредните 14 дена, соопшти Пендаровски, според кого, оправдани се причините кои Владата ги навела во дописот до него.

Првата одлука за вонредна состојба беше донесена на 18 март, поради состојбата со коронавирусот и бројот на заболени во нашата држава. По истекот на првите 30 дена, на 16 април, претседателот прогласи нова вонредна состојба која траеше 30 дена и истекува утре.

Претходно, министерот Венко Филипче, кажа дека е важно вонредната состојба да биде продолжена, бидејќи дел од мерките за справување со коронавирусот и неговото ширење, важат само за време на вонредна состојба.

Според него, рестрикциите кои се воведуваат по предлог на Комисијата за заразни болести се важни инструменти, за надминување на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски ги прати одлуките за прогласување на вонредна состојба до Собранието на потврдување

Жарко Настоски

Завршува осумдневната вонредна состојба, од среда стартува изборната кампања

Ана Ололовска

Прогласена осумдневна вонредна состојба, институциите и партиите се подготвуваат за избори на 15 јули

Ана Ололовска

Почнува нова вонредна состојба која ќе трае осум дена

А1он

Дескоска: Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија по завршувањето на вонредната состојба

Ана Ололовска

По повикот на Мицкоски, Пендаровски ќе воведе нова вонредна состојба, ама доколку има меѓупартиски договор за нов датум

Ана Ололовска