(ВИДЕО) Пендаровски: Мирен изборен ден, очекувам победа!

Од:

„Денешниот изборен ден, во вториот изборен круг, почна мирно.

Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши.

На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски, транспарентни избори, како што и приличи на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат.

Мојата надеж е дека најголемиот дел од нив ќе го препознаат концептот за кој се залагам изминатиот месец, месец и половина во рамки на изборната кампања и дека ќе сакаат да го поддржат концептот кој значи одење напред за сите граѓани кои живеат во Северна Република Македонија, за сите етнички заедници, сосема независно од нивната верска, национална или партиска припадност“, изјави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме