ВИДЕО: Пендаровски или Димитров ќе ја трчаат претседателската трка за СДСМ

Од:

Следната недела ќе биде појасно кој ќе и се спротивстави на Гордана Силјановска во претседателската трка. Партиски извори за „А1он“ велат дека Стево Пендаровски и Никола Димитров остануваат како најсериозни кандидати.

Иако министерот, Оливер Спасовски има највисок рејтинг кај партиското членство, а е прифатлив и за ДУИ, сепак за „мир во куќа“ и да не се расипат односите со заменик претседателката на СДСМ Шеќеринска, која лошо котира на анкетите, најверојатно СДСМ ќе оди со непартиско решение.

Димитров, поради вмровското потекло и објавените снимки на социјалните мрежи со Тарчуловски, за ДУИ тој не е консензуален кандидат.

Пендаровски кој пред 5 години се натпреваруваше со Иванов, со логистика и како предлог на СДСМ поминува и кај ДУИ, иако протекоа информации дека влијателниот Артан Груби го фаворизира Димитров, што Груби го демантираше. Во разговорите меѓу Заев и Ахмети се разговарало за имињата за кои веќе беше тестирано расположените на партиската структура но и на граѓаните.

Поранешен министер за надворешни работи Денко Малески, се уште игра кај ДУИ, но екс министерот треба да го мине и партискиот филтер на СДСМ. И помалите партии од коалицијата на СДСМ даваат поддршка за консензуален кандидат, освен ЛДП кои најавуваат дека ќе излезат сами со свој кандидат. Силите ќе си ги одмерат и Самка Ибраимовски и Амди Бајрам. За самостоен настап размислуваат и од Партијата за движење на Турците. Дали Заев сериозно ќе ги земе предвид резултатите од анкетите, или ќе се повтори случајот со локалните избори ќе покажат преговорите и крајниот исход за претседателски кандидат.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски