(ВИДЕО) Пендаровски и Радев: Заедничкото патување и оддавање почит на Светите Кирил и Методиј можност за обнова на дијалогот и довербата

Од:

Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј.

Радев, кој ја предводи бугарската делегација, околу пладне слета со бугарскиот државен авион на Меѓународниот аеродром – Скопје, за да ја земе македонската делегација, предводена од Пендаровски и заедно потоа да се упатат кон Рим.

Двајцата претседатели имаа куса средба на скопскиот аеродром, од која, како што посочи Пендаровски во изјавата по неа, немало конкретен исход, туку била воведен разговор за престојните активности, но и за случувањата на релација Скопје-Софија изминатите денови.

Ретроспектива на она што се случувало изминатите два-три дена во Брисел направиле двајцата претседатели на средбата, но како што напомена Пендаровски оперативно разговорите за спорот ги водат владите на двете земји.

-Така ќе биде и понатаму, а ние сме тука за да ја релаксираме атмосферата, да говориме со еден поинаков јазик и да ја обновиме довербата, рече Пендаровски.

Додаде дека во текот патувањето ќе имаат уште можности за разговор со Радев и за време на престојот и на враќање од Рим, а фокусот ќе биде на актуелните прашања во рамки на билатералните односи меѓу двете земји.

Радев, пак, изрази благодарност до, како што кажа, неговиот колега и пријател Пендаровски за денешното гостопримство.

-Сакам да споделам дека заедничкото патување и оддавање почит на Светите браќа Кирил и Методиј е прекрасен повод да го обновиме дијалогот на нашите две земји на највисоко ниво и да ја изразиме нашата заедничка волја за развој на нашите односи во духот на соработката, пријателството и добрососедството, истакна бугарскиот претседател во кусата изјава на скопскиот аеродром.

Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј.

Положувањето цвеќе во спомен на сесловенските просветители на плочите на македонски и бугарски јазик и воопшто заедничката посета и заедничкото патување на двете делегации се оценува како чекор кон затоплување на климата меѓу двете земји и тоа во момент кога на маса е ставен португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија и за одблокирање на процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски денеска попладне во Рим ќе оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, по што ќе даде изјава за медиуми.

Шефот на државата утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црквата, папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!