ВИДЕО: Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска – 12 февруари 2020 година, среда, го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

„На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа!“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Указот.

На чинот на потпишувањето присуствуваа студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.

Симболично пенкалото со кое го потпиша указот и го даде на една од студентитките во чие присуство беше потпишан документот.

Законот за ратификација на Североатланскиот договор беше изгласан вчера на свечена седница во Собранието и тој е со одложено дејство, односно ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април. По свечената седница, знамето на НАТО беше закачено на јарбол пред законодавниот дом. Земјава ќе стане 30-та членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда