САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Од:

Соединетите Американски Држави упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО на форумот Шангри-Ла во Сингапур, додека западноевропските претставници изјавија дека алијансата е стабилна и функционална и покрај разликите.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги пофали азиските партнери за зголемување на трошоците за одбрана и усогласување со Вашингтон во услови на зголемени тензии со Кина, но рече дека Европа треба да го преиспита својот пристап кон безбедносната политика, објави Ројтерс.

– Кога нашите интереси се совпаѓаат, дејствуваме заедно решително. Кога се разликуваат, се прилагодуваме прагматично, без драма и морализирање. Мислам дека Западна Европа треба да го земе предвид тоа, рече Хегсет.

Тој додаде дека „Европа и НАТО имаат големи одлуки пред себе“, додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги обвинува европските земји дека недоволно инвестираат во сопствените војски и премногу се потпираат на заштитата на САД.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

САД: „Подготвени сме за напад“

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“