Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, кој е во дводневна посета на нашата земја.
„На средбата беше потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес. На средбата стана збор и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина“, се вели во соопштението за јавноста од Кабинетот на Пендаровски.