(ВИДЕО) Пендаровски до бруцошите на Правен: Знаењето и експертизата кои ќе ги добиете ни се неопходни за нашата трансформација на патот кон ЕУ

Од:

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска се одржа првиот академски час, во присуство на претседателот на државата Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, проректори, деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Коевски, како и професорите и студентите.

Претседателот Пендаровски истакна дека денеска има посебно задоволство и чест, како поранешен професор и поранешен студент на Правниот факултет, да ги поздрави студентите и да им посака успешни студии.

– Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како најстар во нашата земја, со децении продуцира кадри, кои со своето знаење и вештини се конкурентни и на пазар на трудот и кај нас и во странство. Од Правниот факултет на УКИМ, на кој и самиот имав чест да го оформам моето образование, излегуваат правници, адвокати, судии, политолози, политичари, новинари, кои имале и имаат своја улога во процесот на трансформација на Република Северна Македонија во модерна, демократска и просперитетна држава. Годинава станавме членка на најважната глобална безбедносна организација, а наскоро и формално ќе навлеземе во големата трансформација за да станеме дел и од Европската Унија, така што сето знаење и експертиза кои тука ги добивате, заедно со вашиот младешки ентузијазам и енергија ни се апсолутно неопходни, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на пандемијата која го измени секојдневието на луѓето.

– Ја нема вообичаената атмосфера во студентскиот кампус. Меѓутоа, животот мора да продолжи и сите ние мораме во од да се адаптираме, рече Пендаровски.

Тој им порача на студентите да го користат секој момент да се стекнат со знаење и кога тоа не можат да го прават со физичко присуство, да ги користат новите технологии. Пендаровски им порача на студентите дека пред нив се најубавите години од животот, кога и ќе учат и ќе се дружат и им посака успешни студии.

Ректорот Јанкуловски истакна дека една од најдрагите обврски во првиот мандат му била обраќањето кон бруцошите. Таа чест му припаднала и на почетокот на вториот мандат.

– Прекрасно е чувството кое се раѓа гледајќи ги вашата младост, ентузијазам, интерес и желба за нови знаења. Со искрени емоции на радост, ви посакувам искрено и срдечно добредојде на УКИМ, најстариот, најзначајниот, најголемиот и најдобриот универзитет во нашата земја, нагласи проф. д-р Јанкуловски.

Тој, исто така се осврна на пандемијата, која ги принудила професорите и студентите привремено да ги напуштат амфитетрите.

– На дел од факултетите наставата ќе се одвива онлајн, но на други хибридно, и онлајн и физичко присуство, информира проф.д-р Јанкуловски.

Тој им порача на студентите дека задача на професорите е да им пренесе на знаење, а нивна тие знаења да ги усвојат.

Декан на Правниот факултет, проф. д-р Горан Коевски, обраќајќи им се на бруцошите, им рече дека тие се посебна генерација по многу нешта. Родени се 2001 година, кога во нашата држава имаше конфликт, прва генерација деветолетка, генерација која не полагала државна матура, а сега и прва генерација на Правниот факултет во услови на Ковид.

Деканот, исто така истакна, дека оваа генерација има најмалку бруцоши, само 240, кои ќе им се придружат на околу 2000 активни студенти, на 80 реномирани професори и 15 професионални административци.

–Иако сте најмалубројна генерација запишана на нашиот гфакултет тоа не треба никого да разочара, напротив тоа значи дека бројните афери и скандали во државата не ве обесхрабрија. Напротив ве натреаа да го почувствувате и препознаете правиот момент дека вие ќе бидете носители на процесите на реформи и интеграција на РС Македонија во ЕУ и дека вие конечно ќе бидете тие кои ќе ги имплементирате основните евроспки вредности промовирање на доброто владеење на правото, заштитатат на човекови права и сл. порача Коевски.

Правниот факултет е еден од првите формиран во рамки на УКИМ во 1951 година, својот јубилеј 70 години од основањето ќе го одбележи следната 2021 година.

Би можело да ве интересира

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година