Почнува новата академска година

Од:

На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.

На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Со конкурсот на УКИМ, годинава на 23-те факултети во негов состав беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата академска година.

На најстариот и најголем универзитет во државата во моментов студираат над 26 илјади студенти, од кои на додипломски студии се повеќе од 23 400, а останатите се на магистерски и на докторски студии. Во прв циклус (додипломски) студии на УКИМ има 242 студиски програми, 313 на втор (магистерски) и 99 на трет циклус (докторски) студии.

Од оваа академска година УКИМ има и ново раководство предводено од староновата ректорка Биљана Ангелова, која на изборите во мај доби нов тригодишен мандат (15 септември 2026 – 15 септември 2029).

Пред две недели Ректорската управа за мандатот 2026-2029 избра нови проректори – проф. д-р Соња Топузовска – проректор за настава, проф. д-р Ивана Јанеска-Стаменковска – проректор за наука, проф. д-р Иван Чорбев– проректор за меѓународна соработка и проф. Лазо Пендовски – проректор за финансии, инвестиции и развој.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он