ВИДЕО: Пцовки и клетви кај Табановце, возачите нервозни оти мораат да возат преку канал без решетка

Од:

Пцовки и клетви се слушаат од возачите кои минуваат по подвозникот пред граничниот премин Табановце каде веќе две недели нема решетка на одводниот канал пред кружниот тек. На едната лента оставени се неколку желевца по кои може да се помине каналот, а да не пропаднат тркалата на возилото, а во другата лента врз дупката ставено е цело дрво за да ги предупреди возачите да не поминуваат од таму. Возачите се револтирани оти за од Скопје да стигнат до таму уредно плаќаат две патарини за да возат по отворени канали. Надвозникот најчесто го користат камиони и шлепери кои одат на царинскиот терминал на Табановце.

Јавното претпријатие за државни патишта има увид во каналот кој зјае. По нивен налог, екипи на „Македонија пат“, со кои имаат склучено договор за одржување и заштита на државните патишта, успеале да постават неколку сообраќајни знаци со кои ги предупредуваат возачите, но не и да стават нова решетка на каналот за да може безбедно да се минува.

„За конкретниот случај, од Јавното претпријате за државни патишта веќе е ургирано до Јавното прептријатие за одржување на магистралните и регионалните патиште за надминување на проблемот. Воедно апелираме граѓаните да не ги отстрануваат решетките од одводниот систем, како и другите елементи од патната опрема односн заштитната мрежа на автопат, еластичната ограда, вертикалната сигнализација и другата опрема. Со тоа директно негативно влијаат врз безбедноста во сообраќајот и безбедноста на сите граѓани, вклучувајки ги и нив самите“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Директорот на „Македонијапат“, Беким Мемети, е недостапен да објасни зошто две недели трае менувањето на решетката на каналот. Во нивна надлежност е и одржувањето на откриените канали покрај автопатот „Пријателство“ кои во делот околу кружниот тек пред граничниот премин Табановце се претворени во џунгла со израснати дрвја високи и по неколку метри, грмушки и треви.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски

МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

А1он

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР