МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

Од:

На граничниот премин Табановце, на излез од државата, вчера околу 16 часот, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска, при што преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што информира МВР, М.С. на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лишен е од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Со фалс платен налог измами тетовец за 13.500 евра – кривична за скопјанец

А1он

Син нападна мајка во Гевгелија, а ќерки ги натепаа мајките во Скопје и Кочани

А1он

Син тепаше мајка, татко со закани кон синот, најмногу напади на сопругите – за едно деноноќие 15 пријави за семејно насилство

А1он

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка нападната од сосетките

А1он

Пијан возач направи сообраќајка во Охрид – полицајците му измерија 3,05 промили алкохол во крвта

А1он

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он