Уапсени се четири возачи во тетовско – возеле пијани и без дозвола

Од:

МВР информира дека вчера претпладне во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Х.(44) од Тетово.

Претходно, тој со патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди, а по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта, како и под активна мерка забрана за управување на моторно возило од Б категорија.

Попладнето во 15:25 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.А. (30) од с. Церово, тетовско.

Тој со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со повредени лица, при што било утврдено дека го управувал возилото без возачка дозвола.

Рано утринава, пак, во 02:30 часот на регионалниот пат Тетово – Скопје, во с. Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.Љ.(22) од с. Ларце, тетовско, и Б.Ш.(49) од с. Сараќино, тетовско.

Тие претходно учествувале во сообраќајна незгода со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал А.Љ. и патничко возило „сааб“, кое го управувал Б.Ш., двете со тетовски регистарски ознаки.

Додека, по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. го управувал возилото за време на активна мерка забрана за управување со моторно возило, додека кај Б.Ш. биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.

По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Го запре возилото поради дефект, па во него удри автомобил на автопатот Скопје – Куманово

А1он

Уапсена e 24 годишна жена од Крива Паланка – го нападна сопругот со нож

А1он

Со фалс платен налог измами тетовец за 13.500 евра – кривична за скопјанец

А1он

Син нападна мајка во Гевгелија, а ќерки ги натепаа мајките во Скопје и Кочани

А1он

Син тепаше мајка, татко со закани кон синот, најмногу напади на сопругите – за едно деноноќие 15 пријави за семејно насилство

А1он

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка нападната од сосетките

А1он