МВР информира дека вчера попладне во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот А.Н. од с. Батинци, скопско, удрило во 61-годишниот Р.А. од с. Црн врв, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
