Со фалц бугарски пасоши се обидоа да излезат од Македонија – уапсени двајца турски државјани

Од:

МВР информира дека вчера утрото околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција.

Како што информираат од полицијата, при гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Прегазена е жена на патот кон Козјак – заврши во болница

А1он

Тетовец ja тепаше невенчаната сопруга – пијан велешанец го нападна синот

А1он

Уапсени се четири возачи во тетовско – возеле пијани и без дозвола

А1он

Го запре возилото поради дефект, па во него удри автомобил на автопатот Скопје – Куманово

А1он

Уапсена e 24 годишна жена од Крива Паланка – го нападна сопругот со нож

А1он

Со фалс платен налог измами тетовец за 13.500 евра – кривична за скопјанец

А1он