(ВИДЕО) Павловска: Гасификација за Крива Паланка и изградба на пречистителна станица за отпадни води

Од:

Изабела Павловска, носител на советничка листа на СДСМ и коалиција за Крива Паланка денеска во изјава за медиумите рече дека здравјето нема цена и дека сите заслужуваме да живееме во чиста животна средина, да дишеме чист воздух и пиеме и употребуваме чиста и здрава вода.

– Иако нашите сограѓани плаќаат високи сметки за вода и комунални услуги, на многу места, посебно во приградските средини недостасуваат контејнери, повеќето улици воопшто не се чистат од страна на надлежните. Тоа ќе го смениме. Поставуваме нови контејнери онаму каде што нема. Се обврзуваме, постојано и навремено да ги оддржуваме депониите и каналите, а ќе ја дислоцираме и градската депонија, рече Павловска.

Таа додаде дека гасификацијата е еден од приоритетите за кои се обврзале да ги реализираат, за поевтини трошоци на граѓаните, но и за чиста животна средина и чист воздух за сите.

– Ќе направиме замена на азбесните цевки за да добиеме здрава и чиста вода за пиење. Ќе направиме и пречистителна станица за отпадни води за да добиеме чиста почва, а со тоа чиста и здрава храна. Затоа, ја бараме вашата поддршка за да ги реализираме сите овие проекти кои ќе значат здрав живот за секој наш граѓанин, рече Павловска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он