Лидерската средба во Клуб на пратеници е на кратко прекината откако четирите партиски лидери излегоа на пауза во дворот по двочасовниот разговор. Претседателите на четрите партии зазедоа своја сенка под различни летниковци во дворот на Клубот.
Со нив се и нивните најблиски соработници.
Во дворот не излегоа амбасадор на САД, Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав кој се во функција на набљудувачи на процесот. По паузата се очекува да продолжат разговорите.
Маја Васева