Власта свесно со невистинити податоци се обидува да го валка името на градоначалникот Зоран Заев, засегната од неговото успешно менаџирање со општина Струмица, што ќе резултира со отворање нови 250 работни места, рече Kирил Парталов, секретар на општина Струмица.
Таа што треба да се извини е власта, за манипулациите со кои се служи преку нејзините мегафони, покажувајки и делумно читајки ги договорите од наплата на комуналии и претставувајки ги како инвестиција за друга локација, но факт е дека новата странска компанија, по потрага во 7 земји на 17 локации, одлучи да инвестира токму во Струмица, додаде тој.
Бидејќи се изнесуваа документи тој порача:
Прво, кога се чита од договорите, власта да биде искрена и да чита до крај. Но, така ќе стане јасно дека кога се споменува надоместок, станува збор за надоместок за уредување градежно земјиште, јавна давачка на Општината пропишана со Закон!
Второ, зборуваат за сегашна странска инвестиција, а вадат договори со кои е платен надоместок за уредување градежно земјиште за друга градежна парцела во друго време! Тоа е бесрамна манипулација!
Комуналии што се платени за Ј.П „Агро Берза“ се претставуваат како комуналии за друга странска инвестиција, за којашто има потреба од друга комунална инфраструктура.
Вистината е дека Јавното претпријатие „Агро Берза“ на општина Струмица плати надоместок за уредување градежно неизградено земјиште, или популарно наречен комуналии, што секое правно или физичко лице е должно да го плати при изградба на објект. Договорите кои се мавта пред камерите, се договори за наплата на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на објект „Агро Берза“ во Струмица.
Владата или Јавното претпријатие „Агро берза“ не може да биде инвеститор со средства што се, според закон, исклучива надлежност на општината, којашто решава како ќе ги инвестира понатаму.
Вкупниот износ на комуналниот надоместок за уредување градежно земјиште за површина на Ј.П „Агро берза“ изнесува околу 122.000.000,00 денари, а согласно рекапитулацијата од елаборатот за инвестициони вложувања за изградба на комуналната инфраструктура, општина Струмица има извршено ослободување од околу 70.000.000,00 милиони денари за уредување на целокупната парцела.
Значи, општина Струмица, за да излезе во пресрет на Владата за побрзо да ја стави во функција „Агро берза“ – најавувана како Јавно приватно партнерство помеѓу ова компанија и „Агрокор“, со „Агрокор“ договори дека надоместокот, општината ќе го инвестира, потенцирам, ИНВЕСТИРА, во изградба на дел од инфраструктурата на предметната парцела.
Вкупниот комунален надоместок беше утврден на околу 122.000.000,00 милиони денари, од коишто општина Струмица доби само околу 52.000.000,00 денари, а се откажа од 70.000.000,00 денари.
Инаку, вкупната инфраструктура во зоната започна да се гради со грант од Европската Унија од 18.000.000,оо денари, а целосната изведба вклучувајки ја и гасоводната мрежа изнесува околу 155.000.000,оо денари.
Ова се фактите.
Три дена власта што не направи за да убеди дека инвестицијата е нејзина. Како на филмска лента излегуваа премиерот, министри, директори, портпароли. Останува да се јават уште две-три „загрижени здруженијa“ на граѓани.
Лагите на сите Нив немаат крај, зашто Зоран Заев е трн во очите на власта, поради неговото успешно работење.
Власта освен на градоначалникот Заев, треба да се извини и на јавноста, за грубите дезинформации и манипулации.