ВИДЕО: Осудениците во затворот „Идризово“ добија нови простории

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска заедно со Директорот на управата за санкции Јовица Стојановиќ денеска пред јавноста ги презентираа новите простории на КПУ „Идризово“ опремени по најсовремени европски стандарди. Целиот проект за обновување и зголемување на капацитетите на затворот чини 11 милиони евра и е започнат во 2014 година.

Во првата фаза изградени се два објекти од отворено и полуотворено одделение со севкупен капацитет од 546 затвореници на простор од 10 илјади метри квадратни вклучувајќи го и оворениот дел од двете згради. Во новите простории ќе бидат сместувани само ново осудените затвореници.

Ќелиите се за сместување на четири осудени лица, со бања. Затворениците ќе имаат и заеднички простории за престој, работнилици, фитнес сали, шеталишта и игралишта, а за лицата со посебни потреби наменети се посебни ќелии во новите простории.

Во првата фаза исто така изградена е пречистителна станица за отпадни води, извршена реконструкција на постоен објект кој е адаптиран во Тренинг центар за одржување на обуки и проверка на знаењата на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во РМ.

-Република Македонија долго време е критикувана во меѓународните и домашните извештаи за несоодветните услови во затворите и со тоа за нехуман третман на лицата кои се на идржување на најтешката казна во македонското законодавство-казна затвор, рече Министерката за правда, Рената Дескоска.

Во затворот Идризово се сместени повеќе од 3/5 од затворениците во целата земја, според Дескоска неговата пренатрупаност е клучен проблем кој води кон други секундарни проблеми како несоодветни услови за сместување, загрозени хигиенски и сантитетски услови како и отежнато одржување на редот и безбедноста во затворот и спречување на конфликтите внатре.

-Со отварањето на новите капацитети во Идризово посакувам негативните оценки за состојбата на затворите, како оние од Советот на Европа во 2016 година и во извештаите на Народниот правобранител, но и во извештаите на невладините организации кои работата во сферата на заштитата на човековите права да станат минато, рече Дескоска по што додаде и дека посакува барем еден од овие капацитети кои денеска се отвораат да бидат празни како резултат на намалување на стапката на кирминал во Република Македонија.

Директорот на управата за санкции, Стојановиќ истакна дека целта на обновувањето на затворот е престојот на затворениците да стане по ефикасен со уште поуспешна ресоцијализација.

-Во првата фаза изградени се 10 илјади квадрати по современи и европски стандарди за напредување на состојбата во нашите затворски установи. Тука сме да го направиме престојот на лицата лишени од слобода функционален, ефикасен, и нивното присуство да резултира со нови вештини, знаења и да бидат продукивни во нашето општество, рече Стојановиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски