(ВИДЕО) Ордановски: Груевски веќе сигнализира дека ќе примени сила

Од:

Според она што јас го знам Груевски веќе изјавува наоколу дека ќе одат до крај, мислам дека влегоа во сценарио кога даваат сигнали дека се решени да применат сила, подвлече новинарот и политички аналитичар, Сашо Ордановски, на денешната отворена дебата во Гем клуб. Според него, Македонија допрва ја чека ескалација на политичката криза и климакс до кој двете политички партии се способни да ја доведат.

Ордановски смета дека и во вакви услови владејачката партија добро ја одигрува својата позиција така што го подига влогот и на аферите со прислушувањето одговара со дефокусирање на јавноста преку случаи како Гошинце.

– Власта се наоѓа во една силна дефанзива, си ја спасува кожата и игра онака како што добри советници би ја советувале, ги подига влоговите на стравот, но маневарскиот простор за преговори им се намалува. Тие се обидуваат да ја вратат офанзивата во свои раце, мора да го дигнат влогот, да ја сменат темата и да го диктираат темпото – вели Ордановски.

Владините функционери, додава, се обидуваат да ги сменат тезите и на тој начин да купат време преку пропагандната машинерија. Пример за тоа, вели, е вчерашната изјава на министерката за внатрешни работи дека таа е жртва во коруптивните афери во кои наводно е вмешана. Тоа може да делува патетично и глупаво, вели Ордановски, кога рационално се посматраат настаните, но не и кога јавноста се наоѓа во кома поради пропагандната машинерија.

По изјавата на германската амбасадорка, меѓународната заедница суштински ја менува страната, смета Ордановски.

– До пред три-четири недели беа сојузници на Владата и заговараа враќање во институциите. Но се повеќе со Груевски ќе се разговара како со еден класичен диктатор. Тоа нема да бидат лесни разговори. И покрај сите спротивставувања и тактики Груевски само го одлага решението, а при тоа му ослабнува преговарачката позиција, но со тоа се дига цената по која на крај ќе мора да ја напушти власта. Клучно прашање е дали ќе може тоа да го направи без сила и дали власта е решена да примени сила – додава тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Орданоски: Глупост е да се напаѓа Бејли, државата немаше да ни постои без Америка

Ана Ололовска

Ордановски: Ќосето убивал луѓе од ВМРО, да беше жив ќе го убиеше Груевски, не Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ордановски: Има сериозни услови изборите да се одложат за на есен

Емир Латифовиќ