Ордановски: Ќосето убивал луѓе од ВМРО, да беше жив ќе го убиеше Груевски, не Заев

Од:

Груевски се наоѓа пред пораз на изборите, јас ја разбирам паниката во која запаѓаат и донекаде разбирам дека мислат оти со закани ќе успеат да влијаат во јавноста да се добие слика дека се посилни од противникот, вели за А1он аналитичарот Сашо Ордановски по вчерашниот говор на Никола Груевски на митингот во Делчево.

Груевски вчера на митингот испрати порака до Заев, велејќи му дека не треба да се повикува на Гоце Делчев.

– Да беше Делчев денеска жив, тој нема да можеше со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек, испрати порака Груевски до Заев, рече Груевски на митингот во Делчево.

Според Ордановски, во нормални демократски држави со ваква изјава директно се губат изборите.

– Инаку, Ќосето не е познат по убивање на никој друг отколку на луѓе од ВМРО, вклучително и неговиот брат. Така што, сè се плашам дека ќе го убиеше Груевски, а не Заев, рече тој за А1он.

Професорката од институот за национална историја, Љубица Јанчева за А1он накратко ја раскажа историјата за Ќосето.

– Андон Ќосето најпрвин бил терорист на МРО, а подоцна и војвода на Организацијата. Во нејзините редови влегува сосема случајно, т.е. во Организацијата, како тајна и илегална формација, тој наоѓа заштита поради убиството на местен османлиски бег во Велес, поради и што бега во Солун. Поврзувајќи се со првенците на МРО во Солун, тој станал терорист на Организацијата, најчесто вршејќи ги работите кои обичните нејзини членови ги избегнувале поради суровста на истите. Тој извршувал дела без приговор, најчесто добивајќи наредби од највисоките организациони дејци. Извршил убиства како на припадници на османлиската власт, така и на приврзаници на соседните балкански пропаганди. Подоцна тој станува и војвода на МРО, раководејќи со неколку околиски чети (Струмица, Кукуш). Сепак, најкарактеристична негова улога во МРО останала егзекуторската, поради начинот и леснотијата на кои ги извршувал зададените наредби. Оттука може да се забележат и карактерните особини на Ќосето, како човек кој со голема леснотија извршувал убиства, што мора да си признаеме дека ретки се таквите личности, а згора на тоа истите да бидат посочувани како пример за личност и активност во современи прилики, во негативен контекст, рече Јанчева.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски