(ВИДЕО) Ордановски: Има сериозни услови изборите да се одложат за на есен

Од:

Кога се ВМРО-ДПМНЕ и Груевски во прашање, може да се смета на секакви изненадувања и непочитувања на рокови, договори, принципи, вели политичкиот аналитичар Сашо Ордановски. Според него, Груевски со сите сили се обидува да ги намали шансите за демократски избори.

– Еден ден добиен е помалку ден за демократската обнова на Македонија и секој ден што ќе го добијат, секоја недела што ќе ја земат од демократската обнова им ги зголемува шансите на некакви избори доколку се одржат во април. Затоа што јас мислам дека се создадени сериознни услови да тие избори се одложат за следната есен, вели Ордановски.

Ордановски вели дека и покрај сите валкани кампањи на премиерот, не верува дека странците ќе попуштат, бидејќи тие во моментот се занимаваат со многу поголеми „деспоти“ од Груевски.

– На него тоа му е јасно, и се обидува како мачките со ноктите да се задржи што повеќе, што подолго и што поцврсто за власта бидејќи знаеме дека првиот момент кога ќе си замине од власта неговата политичка кариера, а можеби и неговата правна кариера е завршена, вели тој.

Аналитичарот додава дека премиерот се обидува да ги залепи договорот од Пржино и изборите во април со цел пред тоа да нема демократија и подемократски избори, а тоа е причина што тие толку го напаѓаат олеснувачот на преговорите, Питер Ванхауте.

– Ванхауте е под еден жесток напад последните недели. Јасно е дека тоа што треба да произведат сите тие промени од пржинскиот договор ним не им одговараат. Второ се прави притисок да и овие пробиени рокови од договорот сепак на извесен начин се испочитуваат барем во некакви нормални закаснувања. Од друга страна Ванхауте покажа дека е човек кој знае што говори, има големо искуство за тоа што го прави и е прилично издржлив на тој тип на притисоци, вели Ордановски.

Премиерот прави лични интервјуа, тој никогаш не седнува на вистински интервјуа бидејќи му е страв од сериозна дебата и понезгодни прашања, рече политичкиот аналитичар Сашо Ордановски.

Според него, последното интервју на премиерот Никола Груевски е интервју со негови прашања и пораки тој сака да ги истакне, а не нешто што ја интересира јавноста.

– Во интервјуто тој се обидува да се конфронтира со опозицијата, да ја омаловажи на секој начин се разбира. Првпат повикува на дуел со неговиот противник. Груевски е човек кој 10 години не излезе на дуел, човек кој 10 години избегнува конфронтација дури и со новинари, а не со политички противници. Можете да замислите каков проблем има тој штом сега се нафатил тој да повикува на дуел. И тоа говори само по себе дека него ситуацијата не му е ни малку розова, вели Ордановски.

Орадновски вели дека Груевски има проблем со странците бидејќи има проблем со стандардите. Тој вели дека премиерот и неговата пропагандна машинерија имаат потврдено дека знаат да се конфронтираат и да им го направат животот на странците непријатен.

– Неговиот проблем е тоа што странците се тука да внимаваат на некакви усвоени стандарди во нормална демократска правна држава. Бидејќи тој направи од Македонија ненормална недемократска неправна држава, јасно е дека има проблем со сите странци кои што заговараат почитување на тие принципи, вели Органовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски