Орданоски: Глупост е да се напаѓа Бејли, државата немаше да ни постои без Америка

Од:

Прогласот на Никола Груевски е очајна стратегија на ВМРО-ДПМНЕ. Тие вината секогаш ја бараат во другите, но овојпат претераа со расправиите и заканите кон Албанците, опозицијата и дипломатите, рече за А1он аналитичарот Сашо Орданоски.

Груевски во саботата ги обвини амбасадорите дека премногу се мешаат во внатрешната политика и нагласи дека го напуштаат форматот на преговори со други партии во кои учествуваат странски амбасадори, а пред неговиот говор, демонстратите носеа пораки „Бејли, тргни ги рацете од Македонија“.

Глупост е да се напаѓа американскиот амбасадор, оваа држава немаше да постои без Америка. Таа стратегија ги донесува да останат во опозиција, вели Одраноски за А1он.

Прогласот на Груевски во кој ги напаѓа амбасадорите кои до вчера беа помошници за излез на државата од политичката криза наиде на големи критики во јавноста.

Наспроти острата партиска реторика за меѓународната заедницата, ВМРО-ДПМНЕ на своите митинзи носеше странски политичари како австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц и италијанскиот пратеник, Џузепе Галати да ги фалат нивните политики.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он